Ја свикувам 28 -та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 26.04.2023 година (Среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 27-та седница
- Предлог-Одлука за формирање на Верификациона комисија.
- Предлог- Одлука за верификација на мандат на член на Советот на Општина Ресен.
- Решение за разрешување и за именување на член на Комисијата за статут и прописи.
- Решение за разрешување и за именување на член на Комисијата за јавни дејности.
- Решение за разрешување и за именување на член на Комисијата за еднакви можности помеѓу жените и мажите.
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2023 година- 31.03.2023 година (прв квартал)
- Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2023 година.
- Предлог-Одлука за започнување постапка за збратимување на Општина Ресен со Општина Њукастел Австралија.
- Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за утврдување на цени за користење термини и простор за реклами (паноа) во спортските сали на Општина Ресен.
- Социјален план на Општина Ресен.
- Годишен план за вработување на ОУ“ Мите Богоевски“ Ресен за 2024 година.
- Годишен план за вработување на ОУ“ Гоце Делчев“ Ресен за 2024 година.
- Годишен план за вработување на ОУ“ Браќа Миладиновци“ с.Царев Двор за 2024 година.
- Годишен план за вработување на ОУ“ Славејко Арсов“ с.Подмочани за 2024 година.
- Годишен план за вработување на ОУ“ Димитар Влахов“ с.Љубојно за 2024 година.
- Измена и дополнување на Годишен план за вработување на ЈКП “Пролетер“ Ресен за 2023 година.
- Предлог- Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2023 година.
Советнички прашања