Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 26 -та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 14.03.2023 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

– Усвојување на записникот од 24-та  седница

– Усвојување на записникот од  25-та  седница

  1. Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
  2. Годишен извештај по годишна сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
  3. Предлог-Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2023 година.
  4. Предлог-Одлука за давање на парична помош за настраданите во земјотресите во Република Турција и Сирија.
  5. Програмски и Финансиски извештај на Општинска Установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен за 2022 година.
  6. Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен.
  7. Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.
  8. Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
  9. Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
  10. Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – Подмочани.
  11. Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор.
  12. Финансиски извештај по завршна сметка за 2022 година на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.
  13. Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2022/2023 година во ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
  14. Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2022/2023 година во ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
  15. Програми за изведување на екскурзии во трето и деветто одделение во учебната 2022/2023 година во ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор
  16. Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2022/2023 година во ОУ ,,Димитар Влахов – с.Љубојно.
  17. Програми за изведување на екскурзии во трето, шесто и деветто одделение во учебната 2022/2023 година и еднодневен пролетен излет за учениците од прво до деветто одделение во ОУ ,,Славејко Арсов“ – с.Подмочани.
  18. Извештај по Годишна сметка на ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен за 2022 година.
  19. Извештај за работењето на Р.Е Јавно прометни површини за 2022 година.
  20. Извештај за работата на градските гробишта во Ресен во 2022 година.
  21. Извештај за работата на системот за пречистување на отпадни води во 2022 година.
  22. Извештај за реализација на Програмата за одржувње на комунална хигиена за 2022 година.
  23. Извештај за работењето на градскиот пазар во Ресен во 2022 година.
  24. Извештај за работењето на канализационата мрежа во 2022 година.
  25. Предлог-Одлука за редовно ажурирање на „ Процената на загрозеноста на подрачјето на Општина Ресен од сите ризици и опасности“.
  26. Предлог- Одлука за утврдување на цени за користење термини и простор за реклами (паноа) во спортските сали  на Општина Ресен.
  27. Предлог – Одлука за финансиско учество во реализација на Проектот-Изработка на техничка документација за реконструкција на линиски објекти-Реконструкција на локален пат од мост на Голема река до с. Златари.
  28. Предлог – Одлука за финансиско учество во реализација на Проектот-Поголема конкурентност на Пелагонискиот регион преку инвестиции во локалната патна инфраструктура (Реконструкција на патната инфраструктура на улиците „4ти јули“, Милан Думов и Наум Божиновски).

 

Предлог- Програма за дополнување  на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2023 година.