Ја свикувам 21-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 14.12.2022 година (Среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од претходната седница
- Предлог – Одлука за задолжување на Општина Ресен со заем од Развојната банка на Северна Македонија за реализација на проекти од ИПА компонентата за прекугранична соработка.
- Програма за дел од активностите на Црвен Крст на Ресен за 2023 година.
- Предлог- Програма за работа на градските гробишта – Ресен за 2023 година на ЈКП “Пролетер“ Ресен.
- Финансиски план за 2023 година на ОУ Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен.
- Финансиски план за 2023 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.
- Финансиски план за 2023 година на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
- Финансиски план за 2023 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
- Финансиски план за 2023 година на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани
- Финансиски план за 2023 година на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.
- Финансиски план за 2023 година на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор.
- Финансиски план за 2023 година на ЈОУДГ ,,11-ти Септември’’ – Ресен.
- Предлог – Програма за заштита на животната средина и природата на подрачјето на Општина Ресен за 2023 година.
- Предлог – Програма за унапредување на здравствената и социјална заштита во Општина Ресен за 2023 година.
- Предлог – Програма за активностите на Општина Ресен од областа на образованието во 2023 година.
- Предлог – Програма Ф-Урбано планирање Ф10-Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2023 година.
- Предлог – Програма за заштита и благосостојба на животните-третман на бездомните кучиња нерегистрирани и регистрирани кучиња, затекнати на јавни површина, без присуство на сопственикот за 2023 година.
- Предлог – Програма ФА-уредување на градежно земјиште на подрачјето на Општина Ресен за 2023 година.