Ја свикувам 15-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 31.08.2022 година (среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 14 -та седница
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с.Царев Двор за учебната 2022/2023 година.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Славејко Арсов’’ – с.Подмочани за учебната 2022/2023 година.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Димитар Влахов’’ – с. Љубојно за учебната 2022/2023 година.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен за учебната 2022/2023 година.
- Годишна програма за работата на ОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен за учебната 2022/2023 година.
- Годишен Извештај за работата на СОУ ,,Цар Самоил Ресен“- Ресен за учебната 2021/2022 година.
- Годишна програма за работата на СОУ ,,Цар Самоил Ресен,’ – Ресен за учебната 2022/2023 година.
- Предлог- Оперативна програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општина Ресен за сезоната 2022/2023 година.
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2022 година.
- Предлог – Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2022/2023 година на подрачјето на Општина Ресен.
- Предлог – Одлука за доделување општински награди и признанија.