Ја свикувам 12-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.06.2022 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 11 -тата седница
- Предлог – Одлука за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природна непогода –град.
- Предлог – Одлука за редовно ажурирање на ,,Процената за загрозеноста на подрачјето на Општина Ресен од сите ризици и опасности’’.
- Измена на Годишен план за вработување на ОУ „Гоце Делчев“ Ресен за 2022 годна .
- Годишен план за вработување на ОУ „Гоце Делчев“ Ресен за 2023 годна
- Измена на Годишен план за вработување на ОУ „Мите Богоевски“ Ресен за 2022 година.
- Годишен план за вработување на ОУ „Мите Богоевски“ Ресен за 2023 година.
- Годишен план за вработување на ОУ „Славејко Арсов“ с. Подмочани за 2023 година.
- Годишен план за вработување на ОУ „Браќа Миладиновци“ с. Царев Двор за 2023 година.
- Годишен план за вработување на ОУ „Димитар Влахов “ с.Љубојно за 2023 година.
- Предлог – Одлука за измена на Одлуката за формирање Локален совет за превенција.
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2022 година
- Предлог- Програма за измена и дополнување на Програмата за ЈД-Изградба и реконструкција на локални патишта ЈД0-изградба ,реконструкција, одржување и заштита на локалните патишта и улици во Општина Ресен за 2022 година.
- Предлог – Одлука за одобрување на приоритетен проект „Водоснабдување и одведување на отпадни води“.
- Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за измирување односно пренасочување на средства од буџетската сметка на Општина Ресен.
- Предлог – Одлука за давање согласност и овластување за потпишување на Договор/и за грант, согласно Договор за финансирање СЕРАПИС број 2008-0446 помеѓу Република Македонија и Европска инвестициона банка за Проект: „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ во врска со Законот за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ (“Службен весник на Република Македонија“ број 83/10) и Одлуката за распределба на средства согласно договорот за заем по проектот „Водоснабдување и одведување на отпадни води“ („Службен весник на Република Македонија“ број 154/2010, 113/15 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 29/19 и 286/21), меѓу Општина Ресен и Министерство за транспорт и врски на Република Македонија.