Ја свикувам 10-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.04.2022 година (среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 8 -мата седница
– Усвојување на записникот од 9 -тата седница
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2022 година – 31.03.2022 година ( прв квартал).
- Предлог- Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
- Предлог-Одлука за проширување на средства на Буџетот на Општина Ресен за 2022 година.
- Предлог – Одлука за усвојување на Планот на Програми за развој на
- Предлог- Одлуката за давање на согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ „ 11-ти Септември“ Ресен.
- Предлог- Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на Општина Ресен.
- Предлог- Програма за изменување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2022 година.
- Советнички прашања.