Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 29 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015,10/21), донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на  седница на

Совет на Општина Ресен

 

 

 

Ја свикувам 9-та седница(  вонредна ) на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 13.04.2022 година ( среда) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

 

1.Предлог- Правилник за измена на Правилникот за степенот на уредувањето на градежното земјиште со објекти на комуналната инфраструктура и начинот на утврдување на висината на трошоците  за уредувањето во зависност од степенот на уреденост.

 

2.Предлог – Одлука  за  давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на административните ( јавните) службеници група I, подгрупа II  во ЈКП Пролетер за  2022 година.

3.Предлог – Одлука  за  давање согласност на Одлуката за утврдување на висината на вредноста на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈКП Пролетер со статус на даватели на услуги од областа на комуналните  и на други дејности заради  кои се основани јавните претпријатија  група III, подгрупа 5 и на помошно – технички лица група IV, подруга 1-5.