Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 66-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 28.05.2021 година ( петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 65 та седница
- Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2021 година – 03.2021 година (прв квартал).
- Предлог -Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2021 година.
- Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2021 година за Општина Ресен.
- Годишен план за вработување за 2022 год. во ОУ „Славејко Арсов“ с. Подмочани.
- Годишен план за вработување за 2022 год. во ОУ „Димитар Влахов“ с. Подмочани.
- Годишен план за вработување за 2022 год. во ОУ „Браќа Миладиновци “ с.Царев Двор.
- Предлог – Одлука за измена и дополнување на Одлуката за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во Основното училиште „ Браќа Миладиновци“ с. Царев Двор за учебната 2020/2021 година.
- Решение за разрешување и именување на членови на Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом Ресен.
- Извештај за реализација на Програмата за изградба и реконструкција на локалните улиции патишта за 2020 година.
- Информација за зимско одржување на локални улици и патишта.
- Советнички прашања.
Бр.08-1075/1 Претседател
20.05.2021 година Никола Станковски
Ресен