Р Е Ш Е Н И Е за свикување на прва седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 37 став  1 од  Законот за локална самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ бр.5/02 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/24) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на прва седница на

Совет на Општина Ресен

 

Ја свикувам првата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 03.11.2025 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот,

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

 

  1. Избор на Верификациона комисија.
  2. Верификација на мандатите на членовите на Советот.
  3. Избор на Комисија за мандатни прашања, избори и именување.
  4. Избор на Претседател на Совет.
  5. Избор на Комисија за статут и прописи.
  6. Избор на Комисија за финансирање, буџет и локален развој.
  7. Избор на Комисија за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина.
  8. Избор на Комисија за јавни дејности.
  9. Избор на Комисија за доделување на општински признанија и награди.
  10. Избор на Комисија за еднакви можности помеѓу жените и мажите.

 

Претседател од претходен состав

Ирена Стрезовска  Кукуловска