Р Е Ш Е Н И Е за свикување на вонредна седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 29 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015 , 10/2021) и член 95 од Деловникот на Совет на Општина Ресен  донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на вонредна седница  на

Совет на Општина Ресен

 

 

 

Ја свикувам  трета-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  29.11.2021 год.  во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

– Усвојување на записник од  првата  седница

 

  1. Квартален извештај за извршување на буџетот на Општина Ресен K1- III квартал, Јануари – Септември 2021 година ( со образложение).
  2. Квартален извештај за достасани ненамирени обврски на Општина Ресен K2 III квартал, Јануари – Септември  2021 година .
  3. Квартален извештај за задолжување на Општина Ресен и Јавните претпријатија основани од Општина Ресен K3 – III квартал, Јануари – Септември 2021 година.
  4. Предлог- Одлука за измена на распоредот на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2021 година.
  5. Решение за формирање на Комисија за изработка на Предлог-Програма за работа на Совет на Општина Ресен за 2022 година.
  6. Оперативна програма за организирање и функционирање на зимската служба на подрачјето на Општина Ресен за сезоната 2021/2022 година.
  7. Предлог – План на Програми за развој во Општина Ресен за 2022-2024 година.
  8. Предлог – Програма за културни активности што се финасираат од Буџет на Oпштина Ресен за 2022 година.
  9. ПредлогПрограма за спроведување на активности на спортски друштва и одржување на спортска  инфраструктура во Општина Ресен  за 2022 година.

10 Измена  и дополнување на Годишниот план за вработување на Општина Ресен за 2021 година.

  1. Предлог- Програма за активностите на Општина Ресен за 2022 година во областа на заштитата и спасувањето.

11. Предлог – Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Ресен за 2022 година.