Врз основа на член 21 ст. 2 од Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 62-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 22.02.2021 година (Понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
– Усвојување на записникот од 61 -та седница
- Предлог-Одлука за давање согласност на Статутот на Општинско основно училиште „Гоце Делчев “ – Ресен.
- Измена и допoлнување на Годишниот план за вработување за 2021 година на ЈОУДГ „11- ти Септември“ Ресен.
- Предлог-Одлука за изменување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Ресен за 2021 година.
- Предлог- Oдлука за искористување на одобрените средства од Буџетот на Република Северна Македонија за 2020 и Буџет за 2021 година.
- Предлог-Одлука за ослободување на инвеститорот од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на типска училишна спортска сала модел 1 на Основно училиште „Гоце Делчев“ во г. Ресен- Општина Ресен.
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект- индивидуална станбена куќа на КП бр.2605/1 во КО Ресен, на барање на Мирлин Елмазовски од Ресен, ул. „Бигла“ бр.17
- Предлог-Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со цел вклопување на бесправно изградениот објект- помошен објект Пр на КП бр.361/1 во КО Стење, на барање на Данче Раповски од с. Стење – Ресен
- Предлог-Одлука за отстапување на времено користење на движни ствари на ЈКП “Пролетер“ Ресен. (Стење)
- Предлог-Одлука за отстапување на времено користење движни ствари на ЈКП “Пролетер“ Ресен. (Сливница)
- Извештај за работа на Одделението за инспекциски надзор – инспекторат за 2020 година.
- Советнички прашања.
Напомена: За точката 8 од дневниот ред , позициите во Предлог-Одлуката за опремата за плажа Стење, во табелата под редните броеви:15,17,19,20,21,22,23,24,25,26,27,28,29,30, ќе бидат дополнително определени, по увидот на лице место од страна на Пописната комисија на Општина Ресен, кое ќе ја утврди состојбата по направениот попис.
Бр.08-343/1 Претседател
15.02.2021 година Никола Станковски
Ресен