Преспа проект – Вести

Конференција за започнување на проектот ПРЕСПА финансиран од Европска Унија

Проектот „Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА“ е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

На 06.07.2022 во Ресен се одржа конференција за започнување на овој проект. На конференцијата присуствуваа градоначалниците Јован Тозиевски од Ресен и Едуард Дуро од Девол, претставници од јавните комунални претпријатија, претставници на институции, земјоделци и земјоделски друштва, претставници на училишта и сл.

Проектниот тим ги презентираше активностите на проектот кои ќе придонесат кон заштита на животната средина особено со изградба на канализациски мрежи и пречистителни станици за отпадни води во двете општини, како и подигање на свеста кај граѓаните и зајакнување на прекуграничната соработка помеѓу луѓето и институциите од двете страни на границата.

На крајот се отвори и дискусија на која им беа одговарани прашањата на присутните, а истите изјавија желба да придонесат за уште поуспешна реализација на проектот Преспа.

Повеќе на линкот – https://cgimk.org.mk/index.php/mk/17-2017-07-15-12-24-43/365-konferencija-za-otvaranje-na-proektot-prespa-finansiran-od-evropska-unija

Средби со заедницата

 

Во рамките на проектот „Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА, програма за прекугранична соработка помеѓу Северна Македонија и Албанија, финансирана од Европската Унија се реализираасредбисо заедницата на територијата на општина Девол, Албанија и општина Ресен, С. Македонија.

На средбите присуствуаа земјоделци, жители од околните населени места, претставници од комуналните претпријатија како и претставници од Општините. Презентирани беа главните фактори на загадување предизвикани од човекот кои ги загадуваат езерата и стандардите и практиките на Европската Унија за заштита на водите.

Присутните се здобијаа со информации за проектот, неговите цели, планираните активности како и посакуваниот ефект кој се очекува да се постигне со имплементацијата на овој проект. Истовремено беа дадени и идеи како уште повеќе да се зголеми подигањето на свест за почиста животна средина.

Повеќе на линкот – https://cgimk.org.mk/index.php/mk/17-2017-07-15-12-24-43/363-sredbi-so-zaednicata

Прва работилница за развој на прекуграничен акционен план во Девол

Деновиве во просториите на Општина Девол, Албанија се одржа првата работилница, од планираните четири, за развој на прекуграничен акционен план за менаџирање на он лине системот и пречисителните станици на општините Ресен и Девол.

На работилницата учествуваа претставници од општините Ресен и Девол и комуналните претпријатија во овие општини кои со помош на експерти ја анализираа моменталната состојба на водите, постоечката легислатива во двете земји и ги утврдија можностите за понатамошна прекугранична соработка.

Во иднина ќе се одржат уште три заеднички работилници на тимовите од општините Ресен и Девол на кои ќе се креира прекуграничниот акционен план кој потоа ќе го реализираат заедно, а ќе биде доставен и до надлежните институции во двете држави.

Оваа работилница беше реализирана во рамките на проектот „Превенција од ризици за одржливи практики за животна средина за земјоделци – ПРЕСПА“кој е финансиран од Европска Унија од програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија и Република Албанија, а е во реализација на Центар за граѓанска иницијатива од Прилеп, Општина Ресен, Организација за управување со дестинации од Корча и Општина Девол.

Повеќе на линкот – https://cgimk.org.mk/index.php/mk/17-2017-07-15-12-24-43/379-prva-rabotilnica-za-razvoj-na-prekugranichen-akcionen-plan-vo-devol