Во четвртокот, во Општина Ресен, се одржа првата сесија на Форумот во заедницата, во рамки на проектот „Зајакнување на општинските совети“.
На форумот, кој го отвори градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски, учествуваа жители на општина Ресен, претставници од локалната самоуправа, советниците во општината, претставници на невладини и други организации, претставници од образовните институции, јавните претпријатија и од бизнис секторот.
Учесниците на форумот работеа во групи и даваа предлози за подобрување на состојбите во општината во областа на животната средина, социјалната заштита, туризмот и културата, спортот и младите, земјоделството и руралниот развој, образованието, инфраструктурата.
На крајот на форумсиот процес, учесниците на форумите ќе одлучат кои се најприоритетни проекти за нашата локална заедница и тие ќе бидат реализирани со финансиска поддршка обезбедена преку проектот „Зајакнување на општинските совети“, а со свои средства ќе учествува и општината.
Програмата „Зајакнување на општинските совети“ е финансирана од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а ја кофинансира и спроведува програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), во соработка со национални и локални партнери.