ПОКАНА
Општина Ресен во рамките на проектот „Зајакнување на општинските совети –фаза 2“ кој го реализираат Швајцарската Влада, Министерството за локална самоуправа, Програмата за развој на Обединети нации – УНДП и партнерските општини, заврши со реализација на процесот на Форуми во заедницата.
Ни претставува посебна чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на последователната (петта) форумска сесија која ќе се одржи во понеделник на 16.12.2024 година со почеток од 12:00 часот, во просториите на Општина Ресен, во Големата сала во општинската зграда.
На оваа последователна форумска сесија пред учесниците ќе бидат презентирани резултатите од спроведените активности во рамки на процесот и имплементираниот проект како дел од грантовата шема, кој беше предложен, изработен и одбран од учесниците на форумот.
После форумската сесија, ќе биде организирана посета на локацијата каде се спроведе проектот кој беше избран во овој форумски процес.
Ви благодариме за Вашето активно учество на форумските сесии кое придонесе за успешна реализација на форумскиот процес и реализација на избраниот проект.
Прилог: Дневен ред
Со почит,
Општина Ресен
Последователна форумска сесија во рамките на
Проектот: Зајакнување на општинските совети – фаза 2
Локација: Голема сала Општинска зграда во Ресен
Датум: Понеделник 16.12.2024 година
почеток 12:00 часот
11:45 – 12:00
12:00 – 12:10
12:10 – 12:30 12:30 – 13:00
13:00 – 13:10
13:10 – 13:20
13:20 – 13:30
|
Пристигнување и регистрација на учесниците
Добредојде на присутните, презентирање на целите на сесијата – модератор Воведни обраќања од претставници од општина и донатор Презентација на евалуацијата на целиот процес – модератор
Информација од претставник на работните групи за реализација на проектот: „ Уредување на зелени површини и поставување на инкузивни детски реквизити на отворено” во Oпштина Ресен
Информација за проектите произлезени од форумот, кои се дел од листата на препораките.
Затворање на последователната форумска сесија |