Врз основа на член 23 став 3 од Законот за угостителска дејност („Службен весник на Република Македонија” бр. 62/04, 89/08, 115/10, 53/11, 141/12, 164/13, 187/13, 166/14, 199/14, 129/15, 192/15, 39/16, 53/16 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 31/20) член 36 ст. 1 т.15 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ“ бр. 5/02) и член 23 ст.1 т.8 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен“ бр.7/2010,13/2013, 8/2015 11/2015 и 10/2021) Советот на Општина Ресен на седницата одржана на .08.2024 година, ја донесе следната
О Д Л У К А
за дополнување на Одлуката за продолжување на работното време
на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен
Член 1
Во Одлуката за продолжување на работното време во угостителските објекти на подрачјето на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен“ бр.20/2023 и 6/2024) во член 1 се додава нова алинеја и тоа:
– 26,27 и 28 Септември 2024 година- “Преспански јаболкобер 2024“
Член 2
Оваа Одлука влегува во сила со денот на објавување во „Службен гласник на Општина Ресен“.
СОВЕТ НА ОПШТИНА РЕСЕН
Бр.08-1709/20 Претседател
30.08.2024 година Ирена Стрезовска Кукуловска