ОБЈАВА

Согласно Договор за грант бр. 09-2398/1 од 4.12.2024 год., склучен помеѓу:

  • Фондот за природа „Преспа – Охрид“ („ПОНТ“), фондација (Стифтунг) основана според законите на Хесен, Германија; и
  • Општината Ресен, како управувач со Споменикот на природата „Преспанско Езеро“ и Паркот на природата „Езерани“,

и согласно активностите и мерките во тој Договор, Општина Ресен објавува повик за ангажирање на пет лица:

  1. Работник за подршка во заштитени подрачја – 4 лица
  2. Работник за одржување на инфраструктурата за посетители во заштитени подрачја– 1 лице

кои ќе бидат со договор преку Агенција за вработување.

            Ангажираното лице ќе има работно време од 40 часа неделно според Законот за работни односи. Распределувањето на работното време ќе биде во зависност од природата на работата и потребите на работодавачот. Месечниот надомест согласно потпишаниот Договор ќе изнесува 24400 ден. личен нето доход.

Избраните лица – ќе бидат ангажирани за извршување на следните работни задачи:

Работник за подршка во заштитени подрачја

Спроведување на планот за управување со Споменикот на природата „Преспанско Езеро“:

  • Помагање при извршување на работни задачи на ренџерска служба;
  • Помагање во обврските кои произлегуваат од планот за управување со Споменик на природата „Преспанско Езеро“
  • Помош на услуга при доаѓање на посетители
  • Учество во реализацијата во теренски обуки во рамките на нивните надлежности и другите активности кои се согласно проектот ПОНТ
  • Учество во активности спроведувани со Хидробиолошки институт Охрид и Македонско еколошко друштво
  • Учество во мониторинг на заштитени видови
  • Придонес во спроведување на тековниот грант од ПОНТ

Работникот за одржување на инфраструктурата за посетители во заштитените подрачја.

Спроведување на планот за управување со Споменикот на природата „Преспанско Езеро“:

–  Помагање при одржување на инфраструктура за посетители во заштитените подрачја;

– Помагање при извршување на работни задачи на ренџерска служба;

–  Помагање во обврските кои произлегуваат од планот за управување со Споменик на природата „Преспанско Езеро“

– Помош на услуга при доаѓање на посетители

– Учество во реализацијата во теренски обуки во рамките на нивните надлежности и другите активности кои се согласно проектот ПОНТ

– Учество во активности спроведувани со Хидробиолошки институт Охрид и Македонско еколошко друштво

– Учество во мониторинг на заштитени видови

– Придонес во спроведување на тековниот грант од ПОНТ

Заинтересираните кандидати треба да ги исполнуваат следните квалификации:

  1. Работник за подршка во заштитени подрачја
  • Средно образование;
  1. Работник за одржување на инфраструктурата за посетители во заштитени подрачја
  • Средно образование;

Заинтересираните кандидати, до Општина Ресен, треба да поднесат:

  • Диплома за соодветно завршено образование,
  • CV,
  • Потврда од казнена евиденција,
  • Лекарско уверение

Документите да се достават до Општина Ресен (Архива на Општина Ресен), со назнака за Објава од Сектор за животна средина, најкасно до 24.7.2025 год. (четврток) до 16 часот.

Тестирањето и интервјуто ќе се извршат на 25.7.2025 год. (петок) со почеток во 10 часот. Сите апликации ќе бидат внимателно разгледувани од страна на независна и стручна комисија формирана од страна на Градоначалникот на Општина Ресен.

 

    Секретар на Општина Ресен

Зоран Кипревски

 

Објава 22.07.2025