Градоначалникот на Општина Ресен, Јован Тозиевски заедно со Секретарот на Општина Ресен Зоран Кипревски и Раководителот на Секторот за животна средина Ајман Ал Малла, на ден 11.02.2026 година одржаа Прв иницијален состанок за Изработка на Планот за управување со Паркот на природата Езерани.
На иницијалниот состанок беа поканети и присуствуваа претставници од Министерството за животна средина, ЈНУ Хидробиолошки завод – Охрид, Фармахем, Македонско Еколошко Друштво и експерти.
Состанокот помина во конститутивна атмосфера, со плодна размена на идеи и предлози за идни активности и мерки кои ќе придонесат за поефикасна заштита и одржливо управување со овој уникатен Парк на природа, преку соработка, заеднички податоци, адаптивни практики за управување и ангажирање на заедницата.


