Врз основа на чл.23 од Одлуката за општински линиски превоз на патници во Општина Ресен, бр.08-656/16 од 27.02.2015 год. општина Ресен објавува
Измени кон Јавниот повик бр.01/2024 за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз, објавен на ден 20.08.2024 год.
Точка I. од Јавниот повик се менува и ќе гласи:
- I. Предмет на јавниот повик е добивање на дозвола за вршење на општински линиски превоз за следните линии:
,,Дел 1. Назив на линија – Ресен – Стење – Ресен (преку Царев Двор, Дрмени, Перово, Прељубје, Покрвеник, Волкодери, Шурленци, Сирхан, Отешево и Царина), за период од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз
Дел 2. Назив на линија – Ресен – Езерени – Ресен, за период од 5 ( пет ) години од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз‘‘
Во останатиот текст, јавниот повик бр. бр.01/2024 за добивање на дозволи за вршење на општински линиски превоз, објавен на ден 20.08.2024 год. останува непроменет.
ОПШТИНА РЕСЕН
Градоначаланик
Јован Тозиевски