Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Ресен за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на Општината, Општина Ресен го издава следново соопштение:
Се известуваат граѓаните на подрачјето на Општина Ресен дека на ден 12.08.2024 г. (Понеделник), ќе се спроведува ВТОРА ФАЗА од теристичката(од земја) дезинсекција со цел уништување на комарците, на подрачјето на Општина Ресен.
Запрашувањето ќе се врши во периодот од 20.00 часот, со апаратура за УЛВ ладно запрашување поставена на пикап-возило, со предходница од друго возило означено со ротационо светло.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во Општината, крајбрежното подрачје со посебен осврт на туристичките локалитети: Стење, Царина, Отешево, Сирхан, Асамати, Претор, Сливница, Крани, Долно Дупени и селата: Езерани, Долно Перово, Подмочани, Грнчари, Асамати, Штрбово, Наколец, течението на реките Брајчинска, Кранска, Голема Река и колекторскиот систем во село Езерани, подрачјата околу каналниот систем на територијата на Општина Ресен, локалитети со застојни водени површини и сите урбани населби и локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги преземат соодветните мерки за заштита на пчелите.
Во случај на појава на неповолни временски услови(ветар, дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.