ИЗВЕСТУВАЊЕ – „Реконструкција на локалната улица Кочо Рацин и споредната улица 1 во општина Ресен“

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за достапност на документ

Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти (ПУЖССА) за проектот Реконструкција на локалната улица Кочо Рацин и споредната улица 1 во општина Ресен“ во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта

 

Во рамки на “Проектот за поврзување на локални патишта во Република Северна Македонија” кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проекти при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска Банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, општина Ресен аплицираше со проект за „Реконструкција на локалната улица Кочо Рацин и споредната улица 1 во општина Ресен“.

Согласно Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска Банка за Проектот, беше подготвен документ “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти кои ќе произлезат од планираните активности на Проектот.

Документот “Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти” е ставен на јавен увид на 20.02.2024 година официјалните веб страници на:

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од поставување на документот на Интернет страницата.

Единица за Имплементација на Проектот

Министерството за транспорт и врски

 

20240220_ФОРМУЛАР ЗА КОМЕНТАРИ ОПШТИНА РЕСЕН

20240220_КЛ ПУЖССА_RESEN V1 TO PIU MK_ОДОБРЕН ЕИП