Известување за дератизација

ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРВА ФАЗА ОД ДЕРАТИЗАЦИЈА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА РЕСЕН

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Ресен за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на Општината, Општина Ресен го издава следново соопштение:

Се известуваат граѓаните на подрачјето на Општина Ресен дека на ден 09.06.2025 г. (Понеделник), ќе се спроведува ПРВА ФАЗА од дератизација на подрачјето на Општина Ресен.

Третирањето со дератизација се опфатени канализационата мрежа, каптажите, резервоарите, депонијата како и објекти од јавен интерес.

Во случај на појава на неповолни временски услови дератизацијата се одложува за следниот поволен ден.