ВО ВРСКА СО ПРЕДСТОЈНАТА ПРВА ФАЗА ОД ДЕРАТИЗАЦИЈА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА НА ПОДРАЧЈЕТО НА ОПШТИНА РЕСЕН
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Ресен за спроведување на превентивна систематска дератизација на територијата на Општината, Општина Ресен го издава следново соопштение:
Се известуваат граѓаните на подрачјето на Општина Ресен дека на ден 12.06.2024 г. (Среда), ќе се спроведува ПРВА ФАЗА од дератизација на канализациона мрежа на подрачјето на Општина Ресен.
Третирањето со дератизација се опфатени 395 шахти и депонијата.
Во случај на појава на неповолни временски услови дератизацијата се одложува за следниот поволен ден.