Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам

Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 13 – та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.06.2026 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Усвојување на записникот од 12-та седница
  1. Збирен Извештај за проценетата штета од природни непогоди и други несреќи – пожар на територијата на Општина Ресен за 2025 година настанати на ден 07.2025 година
  2. Збирен Извештај за проценетата штета од природни непогоди и други несреќи – пожар на територијата на Општина Ресен за 2025 година настанати на ден 08.2025 година
  3. Предлог- Одлука за давање финансиска поддршка на ОУ Дом на култура „Драги Тозија “Ресен за реализација на проект со наслов:  Култура ПРЕСПА-Преобликување на старата пожарна во Ресен во општински и мултикултурен центар за валоризација и промоција на културното и животното наследство на Преспа.
  4. Предлог- Одлука за престанок и давање на трајно користење на движна ствар на СОУ „Цар Самоил“ Ресен.
  5. Предлог- Одлука за прифаќање донација, метеоролошки станици поставени во рамки на проектот Спортови на ветер – Преспанско Езеро.
  6. Предлог- Одлука за давање согласност на Одлуката за зголемување на надоместокот на трошоците за престој на деца што паѓа  на товар на родителите .
  7. Предлог- Годишен план за вработување за 2027 година на Општина Ресен.

 

Бр.08-1871/1                                                                            Претседател

23.06.2026 година                                                            Коста Замановски с.р

Ресен