Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Општина Ресен („Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021), донесувам
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на седница на Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 9 – та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 13.03.2026 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Усвојување на записникот од 8-мата седница
- Годишна (завршна) сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
- Годишен извештај по годишна сметка на Буџетот на Општина Ресен за 2025 година.
- Предлог- Програма за дополнување на Програмата за Ф – Урбано планирање Ф10 -Урбанистичко планирање Изработка на урбанистички планови во Општина Ресен во 2026 година.
- Програмски и Финансиски извештај на Општинска Установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ – Ресен за 2025 година.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2025 година на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен.
- Финансиски извештај по завршна сметка за 2025 година на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.
- Финансиски извештај за 2025 година на OОУ ,,Мите Богоевски’’ – Ресен.
- Финансиски извештај за 2025 година на ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.
- Финансиски извештај за 2025 година на OОУ ,,Славејко Арсов’’ – Подмочани.
- Финансиски извештај за 2025 година на OОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор.
- Финансиски извештај за 2025 година на OОУ ,,Димитар Влахов’’ – с.Љубојно.
- Извештај по Годишна сметка на ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен за 2025 година.
- Извештај за работењето на одделението Јавно прометни површини за 2025 година.
- Извештај за работата на градските гробишта во Ресен во 2025 година.
- Извештај за работата на канализација и пречистување на отпадни води во 2025 година.
- Извештај за реализација на Програмата за одржувaње на комунална хигиена за 2025 година.
- Извештај за работењето на градскиот пазар во Ресен во 2025 година.
- Извештај за реализација на Програмата и работењето на работна единица Водовод 2025 година.
- Измена/Дополнување на Годишниот план за вработувањe за 2026 година во ЈКП ,,Пролетер’’ Ресен
- Решение за констатирање престанок на мандат и именување на членови во Управниот одбор на ЈОУДГ „11 Септември“-Ресен.
- Советнички прашања.
Напомена: Материјали по точките 3 и 12 дополнително ќе Ви бидат доставени.
Бр.08- 805/1 Претседател
06.03.2026 година Коста Замановски с.р
Ресен

