Р Е Ш Е Н И Е за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

Ја свикувам 7-ма седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.01.2026 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н  Р Е Д

  • Усвојување на записникот од 5-та седница
  • Усвојување на записникот од 6-та седница

 

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за извештајниот период 01.01.2025 година – 31.12.2025 година (четврт квартал).
  2. Предлог – Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Ресен за 2026 година.
  3. Предлог – Одлука за изменување и допoлнување на Одлуката за формирање на зони за утврдување на пазарната вредност на недвижен имот (објекти) на подрачјето на Општина Ресен.
  4. Предлог – Одлука за одредување на вредноста на градежно земјиште за градот Ресен и селата во Општина Ресен и за одредување на вредноста на земјоделското земјиште по катастарски општини.
  5. Предлог – Одлука за утврдување на нацрт план на Измена и дополнување на детален урбанистички план за дел од УЕ2, Блок 2, Ресен, Општина Ресен, 2023-2028, со тех.бр. 58/21 од август 2025 година, изработен од страна на ПОЛОГПРОЕКТ-ПРО ДОО ГОСТИВАР.
  6. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на урбанистичко планската документација со што ќе се изврши усогласување на намените на бесправно изградените објекти, на КП бр.3187 во КО Ресен со намената на земјиштето, на барање на Тодор Стојчевски од Ресен, ул. „Нијази Бег“ бр.49
  7. Предлог – Општински енергетски план за 2026 година за Општина Ресен.
  8. Извештај за работата на Советот на Oпштина Ресен за  2025 година.
  9. Предлог – План за измена и дополнување на Годишен план за вработување за 2026 година во ООУ „Славејко Арсов“ Ресен.
  10. Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Управен одбор на ЈКП „Пролетер“ Ресен.
  11. Решение за формирање на Комисија за селекција на кандидати за избор на членови на Надзорен одбор за контрола на материјално-финансиско работење на ЈКП „Пролетер“ Ресен.
  12. Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор на ОУ „Гоце Делчев“ Ресен.
  13. Решение за разрешување и именување на членови на Училишен одбор на СОУ „Цар Самоил“ Ресен.
  14. Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ЈОУДГ „11ти Септември“ Ресен.
  15. Решение за разрешување и именување на членови на Управен одбор на ОУ Дом на култура „Драги Тозија“ Ресен.
  16. Збирен извештај за проценетата штета од природна непогода- голомразица на територијата на Општина Ресен за 2025 година.
  17. Советнички прашања.

 

Бр.08-250/1                                                                                     Претседател

23.01.2026 година                                                                     Коста Замановски с.р

Ресен