Р Е Ш Е Н И Е за свикување на прва седница на Совет на Општина Ресен

Врз основа на член 37 став  1 од  Законот за локална самоуправа (,,Службен весник на РМ ’’ бр. 5/02 ), донесувам 

 Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на прва седница на

Совет на Општина Ресен

Ја свикувам првата седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 12.11.2021 година (петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

  1. Избор на Верификациона комисија.
  2. Верификација на мандатите на членовите на Советот.
  3. Избор на Комисија за мандатни прашања, избори и именување.
  4. Избор на Претседател на Совет.

НАПОМЕНА: Со оглед дека на оваа седница се врши верификација на мандатите на членовите на Советот, Ве молиме со Вас да понесете документ за идентификација и Уверенијата од општинската изборна комисија.

Бр.08-2121/1                                                       Претседател од претходен состав

05.11.2021 година                                                             Никола Станковски

Ресен