Врз основа на член 28 и 29 од Статутот на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015, 11/2015 и 10/2021) и член 95 од Деловникот на Совет на Општина Ресен (“Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 4/2005) донесувам,
Р Е Ш Е Н И Е
за свикување на вонредна седница на
Совет на Општина Ресен
Ја свикувам 11-та (вонредна) седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 08.05.2026 година (Петок) во 13:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.
За седницата се предлага следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
- Предлог – Одлука за констатирање на природна непогода –голомразица на територијата на Општина Ресен.
- Предлог – Одлука за формирање на Комисија за процена и утврдување на висината на штетата од природна непогода – голомразица.
Бр.08-1432/1 Претседател
07.05.2026 година Коста Замановски с.р
Ресен

