ГРАДОНАЧЛНИК

Биографија

Кратка биографија на градоначалникот на Општина Ресен. Д-р Живко Гошаревски е роден на 03. 11. 1973 година во Ресен.

Основно и средно образование завршил во родниот град, а дипломирал на Стоматолошкиот факултет при УКИМ во Скопје (2001-та година).

Професионалниот ангажман го започнал во 2003-тата година во ПЗУ Д-р Живаго, чиј основач и управител е токму тој. Во рамки на својата професионална кариера, учествувал на повеќе семинари од сферата на стоматологијата, за унапредување на сопственото знаење.

Активно се служи со англискиот јазик,а пасивно го владее францускиот јазик.

Во  периодот од 2013-2017 е советник во Советот на Општина Ресен од редовите на СДСМ.

Во потенцираниот период учествувал и на повеќе семинари од областа на политиката.

Со победата на изборите од 15.10.2017 во првиот круг, започнува неговиот мандат за градоначалник на Општина Ресен.

Оженет е со Билјана (вработена во Заводот за рехабилитација на неспецифични респираторни заболувања во Отешево) и родител на четири малолетни деца: Ангела, Михаил и  близнаците Благој и Андреј.

Надлежности

1. Ја претставува и застапува општината;
2. Ја контролира законитоста на прописите на советот;

3. Ги објавува прописите на советот во службеното гласило на општината;

4. Го обезбедува извршувањето на одлуките на советот,

5. Го обезбедува извршувањето на работите коишто со закон и се делегирани на општината;

6. Иницира и предлага донесување на прописи од надлежност на советот;

7. Го предлага годишниот буџет и годишната сметка на буџетот на општината;

8. Го извршува буџетот на општината;

9. Избира директори на јавните служби кои ги основала општината, врз основа на јавен конкурс;

10. Редовно го известува советот за извршувањето на своите надлежности во согласност со статутот;

11. Решава во управни работи за права, обврски и интереси иа правни и физички лица, во согласност со закон;

12. Донесува правилник за систематизација на работните места на општинската администрација;

13. Раководи со општинската администрација;

14. Одлучува за вработувањето, правата, должностите и одговорностите на вработените во општинската администрација, доколку поинаку не е определено со закон.

15. Обезбедува правилно и законито користење, одржување и заштита на сопственоста на општината, во согласност со закон и статутот 

16. Врши други работи утврдени со закон и со статутот.

(2) Градоначалникот може да овласти раководен службеник на општината да ја води постапката и да решава во управни работи, како и да потпишува акти.

ПРИЈАВИ
ПРОБЛЕМ

ПРИЕМЕН ДЕН
ОД 10:00 ДО 13:00

ЦЕНТАР ЗА РАЗВОЈ

НА ПЕЛАГОНСКИОТ ПЛАНСКИ РЕГИОН