Почетна


Свикана 34-та седница на Советот на Општина Ресен


Свикана 34-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 23.07.2019 година (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен





Врз основа на член 27 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница  на Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 34-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  23.07.2019 година  (Вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот:

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

-       Усвојување на записникот од 33 седница

 

 

  1. Предлог - Измени и дополнувања (ребаланс) на Буџетот на Општина Ресен за 2019 година.
  2. Предлог – Одлука за давање согласност на Правилникот за  внатрешна  организација на работни места во Јавната  Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
  3. Предлог – Одлука за давање  согласност на Правилникот за систематизација на работните места во Јавната  Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
  4. Предлог – Одлука за утврдување вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници вработени во Јавната  Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
  5. Предлог – Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на директорот и давателите на јавни услуги вработени во Јавната  Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
  6. Предлог – Одлука за давање  согласност на Статутарната одлука за измена  и дополнување на Статутот на Јавната  Општинска установа за деца – детска градинка “11-ти Септември“ Ресен.
Советнички прашања.