Почетна

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА РЕСЕН ПО СИНОЌЕШНАТА ВРЕМЕНСКА НЕПОГОДА ВО ДОЛНА ПРЕСПА

На ден 11.07.2019 година во 16.00 часот Советот на Општина Ресен одржа Вонредна седница со единствена точка на дневен ред Информација во врска со природната непогода што ја зафати Преспа на ден 10.07.2019 година.

Градоначалникот на Општина Ресен ги информираше советниците за моменталната ситуација на терен, и врз основа на тоа се донесоа следните заклучоци:

  1. Се овластува Градоначалникот на Општина Ресен да формира потребен број на стручни комисии за проценка на штета од природна непогода настаната на ден 10.07.2019 г. и редовно да го информира Советот на општина Ресен  во врска со настанатата штета.
  2. Од буџетот  на Општина Ресен да се обезбедат парични средства за помош на основните потреби на населението и стручните екипи( вода, средства за хигиена, гориво и сл)
  3. Да се објави јавен  повик за пријавување на штетите од природна непогода.
  4. Општина Ресен да отвори жиро сметка за донации на средства на оштетените.
  5. Да се определи  телефонски број и лице за контакт за пријавување на проблеми од природна непогода.