Почетна


Викендов во општина Ресен ќе се одржи манифестацијата „Запознај ја Преспа“


Претстојниов викенд на 15-ти и 16-ти јуни, во општина Ресен ќе се одржи манифестацијата „Запознај ја Преспа“.


Целта на оваа манифестација е на едно место да направи спој на трацијата и убавините на преспанскиот регион и истиот да биде значаен дел од туристичката мапа.

Манифестацијата вклучува богата културно уметничка програма со голем број на музички групи од земјава, Грција и Албанија, панел дискусија на тема „Преспа- искуства и можности„ како и веќе традиционалната велоспитедска тура „Тур Де Галичица“.

Во склоп на манифестацијата ќе има и дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени“ од Преспа, турнир во одбојка на плажа и игри и забава за најмладите.

Организатори на целиот настан се Општина Ресен, Рурални жени и Prespa Bike.

Како партнери се јавуваат „ЕУзаТЕБЕ“, „Агенција за млади и спорт“, „Spirit of Prespa“, „Преспа ГРАД“, „Еко Герила“, Regional Rural Development Standing Working Group „SWG“ и „German Society for International Cooperation“- (GIZ)

Во продолжение следуваат сите детали за манифестацијата


15.06 сабота, “Lake view”, Отешево .....


18:00 - 19:30

Панел дискусија: "Европски придобивки за регионот Преспа - искуства и можности"


20:00 – 01:00

Нокаут

БЛА, БЛА, БЛА..

Anima Nation (GR)

Инстинкт

Реприза

Екстраваганца


>Влезот е бесплатен за целиот настан! <



......16.06 Недела, “Lake view”, Отешево.....


10:00 - Tour de Galichica

10:30 - Садење дрва на иднината


.......16.06 Недела, ДУПЕНИ Beach .......


12:00 – 17:00

- Вкусот на Преспа – Дегустација на традиционална храна подготвена од „Рурални жени од Преспа“

- Презентација на локални органски производи

- Презентација на локални производи од јаболко

- Турнир во одбојка на плажа

- Фолклорен танц на КУД „Таше Милошевски“

- Игри и забава за најмладите