Почетна


Општина Ресен започнува со реализација на проектот „Помалку отпад 2“


Општина Ресен преку проектот „Помалку отпад 2“ аплицира по Првиот повик за доставување проектни предлози од ИПА Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија.



Предлог-проектот е аплициран во рамките на приоритетната оска 2: „Заштита на животната средина-транспорт“ и има специфична цел односно „Одржливо управување и рециклирање на био-отпад“
и е потпишан во месец август 2018.

Партнери на проектот се: Општина Ресен и ЈКП „Пролетер“ од Република Македонија, регионалниот центар за управување со отпад „ДИАДИМА“ Грција – Водечки партнер на проектот и уште три општини од Република Грција.

Активности кои ќе се превземат во текот на проектот се следниве:

  • -Изработка на веб страна на проектот;
  • -Промотивни материјали за презентација на проектот;
  • -Изработка и печатење на Водич за третман на органски отпад и компостирање;
  • -Теренски истражувања за отпадоци од храна од домаќинства и ресторани;
  • -Теренски истражувања за методите на собирање на отпад;
  • -Теренски истражувања за јавната свест во однос на био отпадот;
  • -Изработка и печатење на Акционен план за управување со органски отпад и компостирање;
  • -Изработка и печатење на Студија за оддржливо користење на трската во ПП Езерани;
  • -Студиско патување на проектниот тим на Европската мрежа за компостирање;
  • -Едукативна кампања за третман на органски отпад и компостирање;
  • -Обуки за стекнување на знаења за производство и примена на компост при примена на агро-еколошки мерки во овоштарството;
  • -Набавка на опрема, камион кипер со кран, харвестер за трска, шредер за биомаса, набавка на мал брод за собирање на трска и трева од водата, и опрема за производство на брикети;
  • -Набавка на 500 контењери за собирање на органски отпад;
  • -Промотивни материјали – публикацја со проектните резултати.

Основна цел на проектот  е управување со органски отпад и промоција на централизирано/децентрализирано компостирање и производство на брикети  во прекуграничната област на Р. Грција и Р. Македонија.

Долгорочни придобивки од реализацијата на проектот се однесуваат на воспоставување на практики за селекција на органски отпад и примена на различни методи при компостирање и натамошна употреба на органскиот отпад.

Проектот исто така има влијание врз развивање на свеста кај населението за искористување на природните ресурси  и нивна заштита , како што е  одржливо искористување на трската за пртоизводство на брикети.

Времетраењето на проектните активности е 24 месеци a вкупниот буџет за реализација на овој проект знесува 233,545 евра.