Почетна


Свикана 10-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 10-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 30.03.2018 година (петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен   (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет

на Општина Ресен

 

 

              Ја свикувам 10-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  30.03.2018 година (петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

  1. Предлог – Одлука за отпочнување на постапка за пристапување кон донесување Урбанистички план за вон населено место за туристичка населба Претор во КО Претор и КО Сливница.

  2. Предлог – Одлука за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Пелагониски плански регион од страна на Владата на Република Македонија.

  3. Измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2018 година на Општина Ресен.

  4. Годишен план за вработување за 2019 година на Општина Ресен.

  5. Извештај за работата на Одделението за инспекциски надзор -инспекторат за 2017 година.

  6. Решение за разрешување и именување на член во Училишен одбор на СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.

  7. Решение за именување на член во Управен одбор на ЈОУДГ ,,11-ти Септември’’ – Ресен.

  8. Предлог – Одлука  за давање  на  согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на ЈОУДГ ,,11-ти Септември’’ – Ресен.

  9. Предлог – Одлука  за давање  на  согласност на Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за систематизација на работните места во ЈОУДГ ,,11-ти септемвриРесен.

  10. Годишен план за вработување за 2019 година на ЈОУДГ ,,11-ти Септември’’ – Ресен.

  11. Предлог – Одлука  за давање  на  согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ – Ресен.

  12. Годишен план за вработување за 2018 година на Општинска установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ - Ресен.

  13. Годишен план за вработување за 2019 година на Општинска установа Дом на култура ,,Драги Тозија’’ - Ресен.

  14. Годишен извештај за работењето на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2017 година.

  15. Годишен извештај за спроведување на програмата за развој на Пелагонискиот плански регион од страна на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион за 2017 година.

  16. Програми за изведување на екскурзии во шесто и деветто одделение во учебната 2017/2018 година во ОУ ,,Гоце Делчев’’ – Ресен.

  17. Програмa за изведување на екскурзиja во деветто одделение во учебната 2017/2018 година во ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор.

  18. Советнички прашања.