Почетна


Оддржани две работилници од Natura 2000


Во рамките на Твининг Проектот МК 13 IPA EN 02 17 “ Зајакнување на капацитетите за ефективно спроведување на европското законодавство во областа на заштитата на природата„ на ден 08.02.2018 година, во малата сала на Општина Ресен, се оддржа работилница на која од страна на проектниот тим, МЖСПП и експертите од Финска и Литванија беа разгледани клучните компоненти односно целите на самиот проект.







Како Пилот подрачја од еколошката Мрежата Натура 2000 се одредени:
• Преспанското Езеро, споменик на природата,
• Националниот парк “Пелистер„
На работилницата подетално беа разгледани и дискутирани следните компоненти:
 Зајакнување на капацитетите за подготовка на Методологијата за мониторинг и спроведување на инвентеризација во природата
 Зајакнување на капацитетите за подготовка на нацрт менаџмент планови и студии за валоризација на природните вредности
 Зајакнување на институционалните капацитети за спроведување на регулативата за заштита на природата
 Ефикасно управување со подрачјата од Натура 2000.
Исто така, во неколку презентации беа прикажани и дискутирани принципите на Мрежата Натура 2000, целите на заштитата, проценката на заштитата, развивање на методите за инвентеризација во природата, Методологијата за мониторинг на биодиверзитетот во пракса и како до најдобри практики за соработка со таргет групите.
Од Општина Ресен покрај Секретарот на општината беше присутен и целиот состав на Секторот за животна средина. 
На самата работилница беа образложени и дискутирани сите предлози, проблеми и предзвици со кои се соочува општината на полето на заштита на животната средина и управувањето со заштитените подрачја. 
На општина Ресен со имплементација на сите клучни компоненти од овој Проект, како пилот подрачје од Мрежата Натура 2000, ќе и се овозможи да стане дел од Мрежата Натура 2000 и со тоа ќе има големи добивки во развојот на локалната економија како еден од столбовите на одржливиот развој на подрачјето.


Image may contain: one or more people, people sitting, table and indoor

Image may contain: 6 people, people sitting and indoor

Image may contain: 5 people, people sitting and indoor

Image may contain: 4 people, people sitting, table and indoor

Image may contain: 4 people, people sitting, table and indoor