Почетна


Коледарска литија


Голем број коледарчиња, со звуците на песната „Вечниот бог“ денес претпладне го најавија раѓањето на Исус Христос, прво низ ресенските улици, а подоцна ја посетија и локалната самоуправа.






Силна порака за љубов и заедништво, верба и надеж тие испорачаа и во локалната самоуправа, каде што градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски им подели и бадникови пакетчиња на дечињата кои учествуваа во литијата. За сите нив, и за дечињата со посебни потреби Гошаревски организираше свечен ручек со посна трпеза. Во име на локалната власт, градоначалникот им се заблагодарува на ресторанот „Две Лири“ и „ Свислион Агроплод“ за подршката на манифестацијата.

Image may contain: 7 people, people smiling

Image may contain: one or more people, crowd and indoor

Image may contain: 2 people, crowd and indoor