Почетна


Донесен буџетот на Општина Ресен


Донесен Буџетот на општина Ресен, отворено и транспаретно кон граѓаните на Ресен и Преспа






Во новиот Буџет на Општина Ресен за 2018-тата година е вградена визијата на градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревскиза создавање погодна клима преку политика на концепт и практика на општествена одговорност, зголемена ефикасност, транспарентност, отчетност, досоздавање на функционална администрација која во вистинска смисла на зборот ќе биде сервис на граѓаните и целосно функционирање на правниот систем на ниво на локална самоуправа. Со новиот Буџет се гарантира:
- неселективност во водењето на фискалната политика и праведност во даночниот систем
- ќе се вложат напори да се обезбеди фискална одржливост и етапна консолидација на Буџет, истовремено ќе се вложуваат средства во инфраструктурни проекти во функција на потребите на граѓаните
- економичност и рационалност во трошењето, подобрено буџетско планирање и користење на капиталните расходи
- рестриктивна и ригорозна контрола на непродуктивните трошоци
- со намалување на непродуктивните трошоци, се отвора простор за развојни инвестиции и можност за кофинансирање на проекти финансирани од европските фондови
- планираните заштеди ќе бидат пренасочени во областа на образованието, културата, детската заштита, социјалната политика, спортот и други развојни политики

Вкупниот Буџет на Општина Ресен за 2018-та година изнесува 292.455.969 денари при што Основниот Буџет изнесува 134.079.361 денар, Буџетот од дотации (основно и средно образование, култура и детска заштита)132.559.908 денари,Буџетот на самофинансирачките дејности изнесува 4.317.200 денари и Буџетот на донации 21.499.500 денари. 
Основниот Буџет за 2018 година изнесува 134.079.361 денари и истиот ги има следните приходи: даночни приходи 59.066.000 денари, неданочни приходи 3.000.000 денари, трансфери и донации 62.693.000 денари и капитални приходи 9.320.000 денари.
Во 2018 година прилично зголемени се приходите од ДДВ кои шти се преотстапени од Буџетот на РМ и изнесуваат 32.991.483 денари. 
Приходите од блок дотациите од Буџетот на РМ во 2018 година во споредба со 2017 година зголемени се од 125.735.000 денари на 132.559.908 денари или за 6.824.908 денари,при што најголемо зголемување има во основното образование за 4.847.000 денари и во детска заштита за 1.949.000 денари. 
Вкупните расходи на основниот Буџет за 2018-та година изнесуваат 134.079.361 денар при што најголемо е учеството на капитални расходи од 32,86% или 44.062.840 денари, а тоа значи дека овој Буџет е развоен и е во функција на потребите на граѓаните во однос на решавање на нивните основни комунални и инфраструктурни потреби (изградба на водоводи, канализации, локални патишта и улици, тротоари, изготвување на проектна документација, изготвување на урбанистички планови и слично).
Платите и надоместоците се скоро на исто ниво како што беа планирани во Буџетот за 2017 година.
Имајќи го во предвид фактот што општината Ресен наследи голем долг од предходниот градоначалник, определбата на градоначалникот Гошаревски е зависно од реално очекуваните приходи постепено да ги подмирува обврските од предходните години, при што со Буџетот за 2018 година од вкупно наследениот долг по разни основи ќе се подмири дел од обврските во висина од 25% или 38.770.872 денари (636.570 евра) по разни основи спрема голем број на доверители, а само по Договорот за Јавно Приватно Партнерство за уличното осветлување ќе бидат исплатени средства во вкупен износ од 6.003.840 денари (или скоро 100.000 евра), а другиот дел од наследениот долг останува да се подмири со определена динамика во наредниот период.
За Општина Ресен огромен е проблемот со доспеани и неподмирени обврски во областа на основното и средно образование во износ од 19.121.590 денари, или 312.444 евра. 
Во областа на основното образование вкупниот износ на неподмирени обврски изнесува 8.373.257 денари или 136.818 евра од кои што 6.667.419 денари за неподмирени обврски за превоз на ученици за периодот 2014-2017 година, а во областа на средното образование вкупниот износ на неподмирени обврски изнесува 10.748.333 денари или 175.626 евра, од кои што 9.745.491 денар се неподмирени обврски за превоз на ученици за периодот 2014-2017 година. Од давателот на услуги за превоз се поднесени тужби за наплата на обврските, а за дел од основните училишта доставени се извршни решенија преку извршител за наплата на побарувањата со што се блокирани сметките на две училишта.
Градоначалникот со Буџетот за 2018 година предложи конкретни решенија со кои во целост ќе се подмири долгот за превоз на учениците во основното образование, а создаден и неподмирен за периодот 2014-2017 година во износ од 6.667.419 денари, а за средното образование обезбедени се средства во износ од 3.000.000 денари за подмирување на неподмирените обврски за превоз на ученици створени во периодот 2014-2017 година.
Исто така со Буџетот за 2018 година планирани се средства за воведување на втора смена во Детската Градинка и уредување на нови простории за дневен престој на деца со посебни потреби. 
Во тек се активностите за изготвување на изведбени проекти за капитални инвестиции во основното и средно образование (за доградба, реконструкција, адаптација и тековно одржување на објектите). Исто така во тек е изготвување на изведбен проект за реконструкција на спортската сала во Ресен.
Со Буџетот за 2018 година покрај планираните средства за тековно и нормално функционирање на локалната самоуправа, меѓу другото планирани се средства за следните намени:
- За месна самоуправа 550.000 денари
- За урбанистички планови 2.350.000 денари
- За уредување на градежно земјиште 7.011.0000 денари
- За уредување на простор во рурални средини 8.500.000 денари
- За поддршка на локалниот економски развој и развој на туризмот 5.750.000
- За локални патишта и улици 13.145.000 денари
- За улично осветлување 11.503.840 денари
- За водоснабдување 3.650.000 денари
- За системи за отпадни води 2.752.000 денари
- За заштита на животната средина 17.609.000 денари
- За противпожарна заштита 6.478.000 денари 
- за основно образование 89.291.000 денари
- за средно образование 28.800.000 денари
- за спорт 900.000 денари
- за култура 9.291.908 денари
- за детска заштита 9.689.000 денари

Како што ветивме, отчетно, транспарентно и детално во корист на граѓаните на општина Ресен.

Со почит
Градоначалник на Општина Ресен
Живко Гошаревски