Почетна


Посета на дневниот центар


Денес, по повод Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, градоначалникот на Ресен, Живко Гошаревски беше меѓу децата кои го посетуваат Дневниот центар.









Со желби за добро здравје и среќа, тој нив и на нивните родители им го честита денот, со ветување дека во иднина локалната власт, ќе биде нивна подршка. ,, Вратата на општината ќе биде секогаш отворена за нивните потреби, а јас лично, ќе направам се што е во моја моќ, овие деца да бидат задоволни и среќни. Тие се дел од ова општество, и нема место за предрасуди"- рече градоначалникот Гошаревски.Во оваа пригода Гошаревски на установата и донираше електричен шпорет, што секако ќе биде во полза и од корист на потребите на децата кои го посетуваат Центарот.

Воедно беше извршено и примопредавање на печка на пелети за Дневниот центар ( веста е преземена од http://www.ohridsky.com - http://www.ohridsky.com/2017/градоначалникот-гошаревски-ја-прими/) 

Денес , на ден 05.17.2017 година , Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни  Потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА – Охрид во соработка со  „ЕВРЕГРИН ЕНЕРЏИ“-ДОО ОХРИД дoдели Д О Н А Ц И Ј А НА ОПШТИНА РЕСЕН ,а за потребите на  Здружението на Граѓани за лица со посебни потреби „ ХУМАНА ПРЕСПА“-РЕСЕННа  ОПШТИНА РЕСЕН , ЗГ „ ХУМАНА ПРЕСПА“-РЕСЕН како донација за лицата со посебни потреби ,доделено е  Грејно тело –Печка на Пелет 10 КW, производтво на „ЕКОШПАР, ЕВРЕГРИН ЕНЕРЏИ“-ДОО ОХРИД,кој е и донатор на истата .ДОНАЦИЈАТА  се предава во трајна сопственост на ОПШТИНА РЕСЕН , ЗГ „ ХУМАНА ПРЕСПА“-РЕСЕН,без било каква надохнада.Вредноста на донацијата изнесува 54.000,оо денариДонацијата беше предадена на Градоначалникот на Општина Ресен Г-дин Д-р Живко Гошаревски во присусутво на членовите на ЗГ „ ХУМАНА ПРЕСПА“-РЕСЕНДонатор и организатор на Хуманата акција за лицата со посебни потреби е Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни  Потреби во медиумите СОС БАЛКАНМЕДИА Охрид и „ЕКОШПАР, ЕВРЕГРИН ЕНЕРЏИ“-ДОО ОХРИД во кординација со Градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски

Фотографија на Sasho Denesovski.

Фотографија на Sasho Denesovski.