Почетна


Увид во градежни активности


Денес градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, со дел од локалната администрација изврши увид на изведбените активности на крак од водоводната мрежа на дел од ул. " Димитар Влахов" во Ресен, во должина од 685,36 м, со што ќе се обезбедат услови за поставување на хидранти за полнење на противпожарните возила во близина на самата станица.








Со ова се реализира еден од зацртаните проекти со Програмата на локалните избори на градоначалникот Гошаревски. Воедно беше направен увид и над изведбените активности на крак на фекалната канализација во населбата "Пролет" во должина од 186,34 м. Во меѓувреме Градоначалникот Гошаревски ги продолжува и активностите со посети на дел од населените места, со цел евидентирање на приоритетни проблеми,во пресрет на подготовките за Буџетот за 2018-та година, за Општината Ресен.

Image may contain: one or more people, suit and outdoor

Image may contain: outdoor and nature