Почетна


Свикана 68-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 68-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 22.09.2017 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен

Врз основа на член 21 ст.2 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) донесувам

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на

Совет на Општина Ресен

 

              Ја свикувам 68-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 22.09.2017 година (Петок) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

- Усвојување на записникот од претходната седница

 

  1. Формирање на верификациона комисија.

  2. Верификација на мандати на советници.

  3. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Мите Богоевски’’ - Ресен во учебната 2017/2018 година.

  4. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Гоце Делчев’’ - Ресен во учебната 2017/2018 година.

  5. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Браќа Миладиновци’’ - с. Царев Двор во учебната 2017/2018 година.

  6. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Славејко Арсов’’ - с. Подмочани во учебната 2017/2018 година.

  7. Годишна програма  за работа на   ОУ ,,Димитар Влахов’’ - с. Љубојно во учебната 2017/2018 година.

  8. Годишен извештај  за работата на   СОУ ,,Цар Самоил’’ - Ресен во учебната 2016/2017 година.

  9. Годишна програма  за работа на   СОУ ,,Цар Самоил’’ - Ресен во учебната 2017/2018 година.

  10. Годишен извештај  за работата на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен во учебната 2016/2017 година.

  11. Годишна програма за работата на ЈОУДГ ,,11 Септември’’ – Ресен 2017/2018.

  12. Предлог – Одлука за давање согласност за зголемување на бројот на деца во воспитни групи во ЈОУДГ ,,11 Септември’’ -  Ресен.

  13. Предлог - Одлука за продолжување на работното време на угостителски објекти на подрачјето на Општина Ресен за време на одржување на манифестацијата „Преспански јаболкобер “ 2017 година.

  14. Предлог – Одлука за доделување општински награди и признанија.

  15. Предлог – Одлука за одобрување на финансиски средства за исплата на трошоци за солидарно користење и одржување на ровокопач.

  16. Извештај за утврдена штета од елементарна непогода – земјотрес.

  17. Извештај за утврдена штета од непогода – пожар.

  18. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно улично осветлување на Црковните Храмови на територојата на Општина Ресен.

  19. Предлог – Одлука за ослободување од плаќање на комунална такса за користење и одржување на јавно улично осветлување на Крсте Стојановски од с. Дрмени.

Советнички прашања.