Почетна


Нов блок и инклузивно игралиште во Детската Градинка во Ресен


Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски изврши посета на Детската Градинка ,,11 Септември''во Ресен каде беа промовирани два нови проекти







Проeктот за изградба на нов дополнителен блок за згрижување на деца во рамките на ресенската детска градинка , кој Општина Ресен го реализира со сопствени средства во износ од околу 3 милиони денари и кој ќе значи зголемување на капацитетот на градинката за дополнителни 30-на деца.

-Мометално во ресенската градинка се згрижени околу 140 деца , но радува фактот што последните година се појави потреба од проширување на капацитетите заради зголемениот број на деца кои се наоѓаат на листата на чекање за прием во градинката – истакна Градоначалникот Стрезовски.

Истовремено ,беше промовиран и стартот со работа на новото Детско инклузивно игралиште , кое Општина Ресен го изгради во дворот на Детската Градинка во Ресен во соработка со Здружението на лица со Телесен Инвалидитет Мобилност и со Министерството и Труд и Социјална Политика на Република Македонија.

- Значењето на овој проект ќе биде насочено кон користење на игралиштето од страна на лицата згрижени во Центарот за лица со посебни потреби во Ресен , како и на сите деца од детската градинка , лицата корисници на услугите од прокетот Општинско Корисна Работа , како и на сите деца со поречености во Ресен.Проектот е вреден околу 600 илјади денари а со значаен дел во истиот партиципираше Општина Ресен – истакна Градоначалникот Стрезовски.