Почетна


Протест на преспанските овоштари


Здружението Агро Преспа во Ресен со протест заради недоисплатени субвенции и штети од мраз во Преспа.







 
Денеска во просториите пред Подрачната Единица на Министерството за Земјоделство, Шумарство и Водостапанство во Ресен и Општина Ресен , група земјоделци од  Здружението на Овоштари Агро Преспа од Ресен го изразија својот револт по основ на однесувањето на МЗШВ заради тоа што според нив и на крајот на месец јули сеуште немаат добиено дел од субвенциите од минатата година во делот на овоштарство и немаат добиено обештетување од минатогишната непогода мраз која ја зафати Преспа.

Со месеци и тука и во Скопје ни велат дека ќе се исплатат субвенциите и штетите а исплата нема, поради доцнењето на исплатата по овие два основи овоштарите во Преспа се наоѓаме во исклучително лоша економска состајба.За нас субвенциите се сериозна поддршка посебно после ланската година кога имавме непогада мраз, но за жал дел од нас сеуште ги нема добиено субвенциите, истовремено иако ни беше ветено од новиот министер дека веднаш ќе се исплатат штетите од лани еве и после два месеци од тоа нема ништо.” – истакна членот на Здружението Никола Кузмановски

Претседателот на Здружението Агро Преспа од Ресен , Зоран Илиевски пак истакна:

 Денеска сме тука пред Подрачната Единица на МЗШВ заради тоа што низ  Преспа кружат разни шпакулации дека наводно општинската администрација не доставила документи до Владата и дека нема да дојде до исплата на штетите од ланскиот мраз а исто така и оваа година мразот уништи голем дел од јаболковите насади, така да овоштарите во Преспа се во мошне незавидна ситуација. Ние ќе побараме средба кај Градоначалникот на Општина Ресен за да ги провериме овие информации. Сега се наоѓаме пред Подрачната единици да видиме до кај е исплатата со субвенциите за овоштарство , не се исптатени субвенциите за рурална подршка, не се испатени двата денари по килограм на предадени јаболка во домашни индустриски преработувачки капацитети. Сега се наоѓаме во еден мошне чуден период , слушаме дека ќе бидат распишани избори и постојат тие чудни закони кога за време на предизборен период кога не ќе можат да се исплаќаат средства со што овие овоштари тука и сите во Преспа ќе бидат во крајно незавидна ситуација .

На средбата која ја остварија преставниците на здружението со Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски беа информирани дека од страна на општината се доставени до владините органи процените на штети кои ги направила општинската комисија уште во 2016 година и пред присутните беа презентирани соодветните поднесоци од страна на општинската администрација до Министерството за Земјоделие и Министерството за Финасии.

Спротивно на тие шпекулации кои скаат да ги протуркаат , некој кој денеска се наоѓа на чело на оваа државата,  својата неспособност, неможност или несакање да ги исплатат штетите од мразот не треба да ја прикрива зад обвинувања дека општинската комисија не ги доставила соодветните документи за процена на штета од мраз во 2016. Тука пред вас и пред јавноста ги презентираме доставите на Елаборатите за настаната елементарна непогода мраз на територија на Опшптина Ресен во периодот 21-27 Април 2016 година доставени на почетокот на месец Септември 2016 година до МЗШВ и до Министерството за Финасии.- Истакна ресенскиот Градоначалник д-р Ѓоко Стрезовски.

Од здржението Агро Преспа најавија дека ако не се постапи по нивните барања , тогаш ќе ја разгледаат можноста и по радикално да го изразат својот револт.

Во прилог, доставените елаборати од Општина Ресен до МЗШВ и Министерството за финансии: