Почетна


Градежната експанзија во Преспа продолжува


Деновиве завршија градежно- изведбените работи за реконструкција на дел од регионалниот пат Ресен- Царев Двор. Имено, саниран е наjоштетениот дел од овој регионален пат, односно излезот од градот кон Царев Двор.







Општина Ресен овој проект го реализира со финансиска поддршка на ЈПДП, која изнесува околу 7.000.000 денари, а изведувач на работите беше ЈП Македонија Пат. Истиот изведувач го реконструираше и делот од регионалниот пат Ресен- Макази, во должина од околу 250 метри. Тој практично е единствениот дел од овој регионален патен правец кој не беше опфатен со реконструкција.

Паралелно со овие активности, интензивно се одвиваат и градежно- изведбените работи за реконструкција на делот од магистралниот патен правец Битола- Ресен- Буково, а кој всушност минува низ Ресен.Работите на влезот во Ресен од правец на Јанковец и ул. Јосиф Јосифовски целосно се завршени, а во моментов интензивно се одвиваат активностите за санација на ул. Борис Кидрич, кои се очекува да завршат со крајот на идната недекла и да се продолжи со санација на ул. Ленинова.Според очекувањата санирањето на овој патен правец се очекува да заврши во наредните 30 дена.