Почетна


Свечено одбележан патрониот празник во ОУ Славејко Арсов во с. Подмoчани


Денес на свечен и достоинствен начин беше одбележан 9-ти Мај , патрониот празник на ОУ Славејко Арсов во с. Подмочани.








По повод одбележувањето на празникот во присуство на голем број наставници и родители, учениците од ова преспанско основно училиште и од неколкуте подрачни училишта кои се во склоп на истото, одржаа пригодна програма посветена на ликот и делото на еден од најголемите револуционерни дејци од поновата преспанска и македонска историја, Славејко Арсов- патронот на училиштето.

На свеченоста беше присутен и Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски , кој во своето обраќање пред присутните искажа задоволство од постигнатите резултати на училиштето во текот на изминатиот период, посебно нагласувајќи го примерот на исклучително високо ниво на соживот, меѓунационална и меѓуетничка толеренција и соработка помеѓу националностите кои на сите нивоа партиципираат во ОУ Славејко Арсов, како континуитет на мешусебното разбирање и почитување кое ја карактеризира Преспа.

Програмата ја следеа и Министерот за Образование во Владата на Република Македонија и Заменик- Министерот за Транспорт и Врски во Владата на Република Македонија.