Почетна


ПОВИК за прибирање на понуди за набавка на камион за собирање на отпад


Општина Ресен го објавува повикот за набавка на камион за собирање на отпад








                                                                                

                                                                                                                                          

                                                                                                                                                                                   

Врз основа на Договорот меѓу Општина Ресен и Швајцарската Конфедерација застапена од Федералниот оддел за надворешни работи со реализација преку Швајцарската Амбасада во Република Македонија/Швајцарска Агенција за развој и соработка за реализација на Проектот за реставрација на екосистемот на Преспанското Езеро, Општина Ресен објавува

 

 

 

ПОВИК

за прибирање на понуди

за набавка на камион за собирање на отпад

     

реф.бр.Т.Д. 1.5.1-2/2017

 

 

Во рамките на проектот за реставрација на екосистемот на Преспанско Езеро една од активностите претставува спроведување на мерки за подобрување на системите за управување со отпад преку редукција на органскиот отпад и спречување на внесување на остатоци од отпад во Преспанското Езеро и неговите притоки.  Потребата за набавка на камион за собирање на отпад е заснована на специфичните приоритети и потреби за подигање на капацитетот и ефективноста за управување со системите за управување со отпад и обезбедување на дополнителна поддршка на ЈКП Пролетер, а се со цел заштита на животната средина во регионот и  подобрување на квалитетот на живот на локалното население.

 

Право да достават понуда имаат сите заинтересирани домашни и странски правни лица - понудувачи, кое се регистрирани за вршење на дејноста поврзана со предметот на повикот.

 

                Подигањето на тендерската документација може де биде лично од Општина Ресен или по електронски пат.

 

                Повикот е отворен 10 работни дена од денот на објавувањето.

 

                Лице за контакт: Љупчо Крстевски – Директор на ЈКП „ Пролетер “ – 070688856.