Одделение за ЛЕР и прекугранична соработка

Одделение за локален економски развој , меѓугранична соработка ги врши работите што се однесуваат на: 
  

- планирање на локалниот економски развој и  водење на економската политика на општината,

- утврдување на развојните и структурните приоритети, подршка на развојот на малите и средните претпријатија во локално ниво, воспоставување и развој на локалната мрежа на институции и агенции за промовирање на партнерство,

- остварување соработка со меѓународни организации, невладини, хуманитарни и други организации;

- изготвување на проекти и информации за проекти за аплицирање пред домашни институции и меѓународни организации и асоцијации со цел за добивање на средства во функција на развој на Општината;

- изготвување и извршување на планови за остварување и овозможување на услови за поддршка на туризмот, угостителството и занаетчиството;

- следење на  сите законски и подзаконски акти од областа на трговијата, занаетчиството, туризмот, угостителството и истите ги применува,

- анализа на состојбата и иницијативи за нивно разрешување,  

- други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.



Листа на достапни барања од одделението за ЛЕР:

1.Барање за поставување на урбана опрема за вршење на угостиелска дејност - тераси.doc

2.Барање за поставување на урбана опрема за вршење на угостиелска дејност - шанкови.doc
.
3.Барање за поставување на урбана опрема за вршење на трговска дејност.doc

4.Барање за поставување на урбана опрема за вршење на трговска дејност пред деловен објект.doc

5.Барање за користење на плоштад.doc

6.Барање за заверка на нормативи.doc

7.Барање за утврдување на минимално-технички услови и категоризација.doc

8.Барање за упис во регистарот на физички лица за вршење на угостителска дејност.doc

9. Б А Р А Њ Е За регистрирање во регистарот за туристичка дејност Вршење на услужни дејности поврзани со водениот превоз.docx