Одделение за администрирање на даноци такси и надоместоци

Одделение за администрирање на даноци, такси и надоместоци, ги врши работите што се однесуваат на:

 

- прибирање и следење на прибирањето на сопствените приходи на буџетот на општината,

- утврдување и наплата на сопствените приходи,

- администрирање на локалните даноци и комуналните такси на општината,

- усогласување на состојбата во даночната евиденција,

- евидентирање на задолжувањата и раздолжувањата на даноците, таксите и подготвува завршна сметка за овие приходи,

присилна наплата на даночен долг, парична казна и камата,

- водење на регистар на недвижен и подвижен имот на општината,

- следење и применување на прописите што се однесуваат на утврдување на данокот на промет на недвижности и права, данок на наследство и подарок, и комунални такси,

- водење на  управна постапка и врши и други работи во согласност со закон и други прописи од оваа област и

- пресметува висината на даноците по даночни обврзници

- дава предлози за определување на висината на ставката во согласно со законот

- анализа во областа во која има надлежност  и му предлага на советот, неговите работни тела и  Градоначалникот мерки за решавање

- дава извештаи за состојбата  со висината на    облогот и наплатата

- и други работи што ќе му бидат ставени во надлежност во согласност со законите и другите прописи.



Листа на барања од одделението за администирање на даноци, такси и надоместоци кои може да ги преземете:

Пријава за данок на имот

Барање за платена комунална такса

Барање за издавање потврда за поседуван имот

Пријава за данок на промет

Пријава за данок на наследство


Барање за измирени даноци

Мапа на вредност за земјоделско земјиште

*Доколу имате проблем со прегледот на .pdf содржините преземете го следниот софтвер (adobe reader) или (foxit reader)