Информации


Свикана 30-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 30-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.06.2019 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.


Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

 

 

 

              Ја свикувам 30-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 27.06.2019 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

 

             За седницата се предлага следниот

 

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

                          - Усвојување на записникот од предходната седница

                            

 

 

1.    Предлог – Одлука за прием и отстапување на Екстра лесно ЕЛ – 1 на ОУ,, Мите Богоевски’’ – Ресен, ОУ,, Гоце Делчев’’ – Ресен, ОУ,,Димитар Влахов’’´- с. Љубојно и СОУ ,,Цар Самоил’’ – Ресен.

2.    Извештај за работа на Секторот за урбанизам, комунални работи, локален екoномски развој и прекугранична соработка за 2018 година.

3.    Извештај за реализација на програмата за изградба и реконструкција на улици и патишта за 2018 година.

4.    Годишен извештај за работата на ОУ,,Браќа Миладиновци’’ – с. Царев Двор за учебната 2018/2019 година.

5.    Советнички прашања.