Информации


Свикана 27-та Вонредна седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 27-та Вонредна седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 19.03.2018 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен



Врз основа на член 29 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) и член 95 од Деловникот на Совет на Општина Ресен  донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на вонредна седница  на

Совет на Општина Ресен

 

 

 

              Ја свикувам 27-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден  19.03.2019 година (вторник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

1.    Предлог - Одлука за давање  согласност на Одлуката за изменување и дополнување на Статутот на Општинската установа Дом на култура „Драги Тозија“ – Ресен.

 

2.    Предлог - Одлука за утврдување на потребата за поставување за условите и начинот на поставување на урбана опрема на  КП 3839/1 Градско пазариште – Ресен.

 

3.    Предлог – Програма за дополнување на Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на Општина Ресен за 2019 година.

 

Предлог – Одлука за утврдување на цените и начинот на бесплатен превоз на ученици во основното и средното образование на подрачјето на Општина Ресен.