Информации


Свикана 25-та седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 25-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.02.2018 година (понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.






Врз основа на член 21 ст. 2 од  Статутот на Општина Ресен (,,Службен гласник  на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015), донесувам

 

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

за свикување на седница на Совет на Општина Ресен

 

 

 

              Ја свикувам 25-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.02.2019 година (понеделник) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

                          - Усвојување на записникот од претходната седница        

 

 

  1. Квартален извештај за извршување на Буџетот на Општина Ресен за IV квартал, Јануари – Декември  2018 година.

 

  1. Предлог – Одлука за одредување на вредноста на градежно неизградено земјиште за градот Ресен и селата во Општина Ресен и за одредување на вредноста на земјоделското земјиште по катастарски општини.

 

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот објект-индивидуална станбена куќа на КП бр.3207 во КО Ресен вон градежен реон, на барање на Гордана Ивановска од Ресен, ул. „Мирче Ацев“ бр.13.

                     

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со која ќе се изврши усогласување на намената на земјиштето предвидено според УЕ-5 Центар и намената на бесправно изградениот објект-градски пазар на КП бр.3839/1 во КО Ресен, на барање на Општина Ресен од Ресен, плоштад „Цар Самоил“ бр.20.

 

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот инфраструктурен објект - полигон за обуки на возачи на КП бр.6347/2; на КП бр.6347/4 и на КП бр.6348/1 во КО Ресен, на барање на ДОВУ „Авто Школа“ ДООЕЛ, Здружение на возачи Ресен од Ресен, ул. „Корчуланска“.

 

  1. Предлог – Одлука за утврдување на потребата за донесување на  урбанистичко планската документација со цел вклопување на  бесправно изградениот помошен објект, на КП бр.6347/2 во КО Ресен, на барање на ДОВУ „Авто Школа“ ДООЕЛ, Здружение на возачи Ресен од Ресен, ул. „Корчуланска“ бр.74.

 

  1. Предлог - Одлука за учество во спроведување на проектот „ Јакнење на културно-туристичките производи во прекуграничната област преку промоција на природното и културното наследство “ Краток наслов - „Светите води“.

 

  1. Предлог – Одлука за усвојување на Локална стратегија за развој на туризмот во Општина Ресен за 2019-2024.

 

  1. Предлог – Одлука за редовно ажурирање на ,,Процената за загрозеноста на подрачјето на Општина Ресен од сите ризици и опасности’’.

 

  1. Предлог – План за дополнување на Планот на програми за развој на Општина Ресен за 2019-2021 година.

 

  1. Извештај за работа на Сектор за животна средина за периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година.

 

  1. Извештај за работа на Одделението за инспекциски надзор – инспекторат за 2018 година.

 

Извештај за работата на Советот на општина Ресен за 2018 година.