Информации


Свикана 19-та Вонредна седница на Советот на Општина Ресен


Претседателот на Советот на Општина Ресен ја свика 19-та Вонредна седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.10.2018 година (четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен



Врз основа на член 29 од Статутот на Oпштина Ресен (,,Службен гласник на Општина Ресен’’ бр. 7/2010, 13/2013, 8/2015 и 11/2015) и член 95 од  Деловникот на Советот на Општина Ресен  донесувам

 

 

Р Е Ш Е Н И Е

 

за свикување на вонредна седница  на

Совет на Општина Ресен

 

 

 

              Ја свикувам 19-та седница на Советот на Општина Ресен, која ќе се одржи на ден 25.10.2018 година (Четврток) во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Ресен.

             За седницата се предлага следниот:

 

Д Н Е В Е Н    Р Е Д

 

 

1. Предлог-Одлука за намера за реализација на проект за подобрување на нивото и квалитетот на општинските услуги - “Реконструкција на улици во градот Ресен“ по пат на задолжување во МСИП2.